Илон Маск најави нови промени на платформата X (поранешен Twitter) кои ќе овозможат одредени сметки да отклучуваат бесплатни премиум функции.

„Во иднина, сите X сметки со над 2.500 проверени следбеници ќе добиваат Premium функции бесплатно, а сметките со над 5.000 ќе добиваат Premium+ бесплатно“, рече Маск, според Time.

Претходно, X Premium функциите ги чинеа корисниците осум долари месечно и вклучуваа можност за споделување подолги објави и прикачување видеа, добиваа поголем приоритет и корисниците ќе добиваат помалку реклами.

Корисниците на X Premium+ ги добиваат сите функции, но без реклами, како и пристап до генеративниот chatbot Grok напојуван со вештачка интелигенција.

Маск го купи поранешниот Твитер за 44 милијарди долари во април 2022 година.