Историскиот колапс на акциите на Мета оваа недела збриша 31 милијарда долари од личното богатство на Марк Зукерберг.

Затоа повеќе не е меѓу првите 10 најбогати луѓе во светот.

Неговото богатство моментално се проценува на 84,8 милијарди долари, што го става на 12-тото место на листата на милијардери на Форбс.

Акциите на Мета во четвртокот забележаа рекорден еднодневен пад по разочарувачката прогноза за приходите за третиот квартал.

Мета платформи, компанија порано позната како Facebook, го имаше најлошиот ден на берзата во четвртокот, откако пријави редок пад на профитот и стагнација на број на корисници.

Покрај катастрофалниот извештај за заработка, Мета за прв пат откри и колку пари троши за преселба на метаверс. Компанијата, исто така, објави благ, но впечатлив пад на дневните корисници на Facebook во споредба со претходниот квартал.