Маркус Рашфорд полека се етаблира како еден од темелните играчи на Манчестер јунајтед, факт кој треба да биде заверен со новиот договор кој се крчка на „Олд Трафорд“.

Според новинарот на „Атлетик“, Дејвид Орнстајн, 25-годишниот напаѓач веќе се договорил за продолжување на ангажманот за нови пет сезони, што значи до јуни 2028 година. Со тој нов договор, Рашфорд ќе стане најплатен фудбалер на Јунајтед, со неделна плата од околу 375.000 фунти неделна плата или 18 милиони фунти по сезона, надминувајќи ги Касемиро и Санчо, но и Де Хеа, кој си замина.

Според Орнстајн, Рашфорд имал и побогати понуди од други клубови од Островот, но и од Европа, сепак ги одбил, потенцирајќи ја својата желба да освојува трофеи со Манчестер. Тој играше во фантастична форма минатата сеозна, постигнувајќи 30 гола на 56 меча во сите конкуренции./Makfax/

Прикажи повеќе