Манчестер јунајтед се пласираше во нокаут фазата од Лигата на шампионите откако со 2-0 го совлада Виљареал на негов терен под водство на Мајкл Керик кој стартуваше со победа на своето деби како главен тренер додека Баерн Минхен со 2-1 победи на гостувањето кај Динамо Киев.

Кристијано Роналдо и овојпат даде гол, постигна вкупно шест гола на петте досегашни меча во групната фаза од Лигата на шампионите.Роналдо на секој натпревар постигнува гол во ова натпреварување оваа сезона.Долго време резултатот беше 0-0, двете екипи имаа свои големи шанси, но резултатот беше отворен во 78. минута кога Роналдо искористи една грешка на домаќините и постигна убав гол со лоб за водство од 1-0.

Во 90. минута сите дилеми околу победникот ги реши Џејдон Санчо кој реализираше за победа од 2-0.Манчестер Јунајтед се пласираше во осминафиналето, а Виљареал во последното коло ќе води директна битка со Аталанта за вториот патник во нокаут фазата.

Баерн Минхен кој во минатото коло го завери пласманот понатаму, ја забележа петтата победа во петтиот натпревар од ЛШ оваа сезона. Овојпат со 2-1 победи на гостувањето кај Динамо Киев.

Левандовски со ножички во 14. минута го отвори мечот, Коман во 42. минута зголеми на 2-0 за Баварците. Почесниот гол за домаќините беше дело на Гармаш во 70. минута.