Во големото финале на Евровизија вечерва, по сите овогодинешни натпреварувачи настапи групата Манескин која лани победи и го донесе натпреварот во Торино.

Фронтменот Дамијано Дејвид со тимот од бендот ја отпеа песната Супермодел. Тоа е нивниот нов сингл кој беше објавен вчера. Ако се суди по реакцијата на публиката, оваа година ќе победеа без многу мака.

„Имам два совети за натпреварувачите. Забавувајте се и не се доближувајте премногу до масата“, изјави Дамијано Дејвид, шегувајќи се на сметка на обвинувањата дека користел кокаин затоа што премногу се доближил до масата за време на трансферот во зад сцената.

Да потсетиме, групата Манескин победи минатата година во Ротердам со песната Zitti E Buoni.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ: