Четири лица загинаа вчера кога спортски авион се урна во Лунгау во Австрија. Авионот полетал од Загреб и првично требало да слета во Салцбург, а причината за падот сè уште не е јасна, соопшти полицијата, пренесува Салцбург24.

Несреќата се случила на реката Митерберг во областа Линтшинг, среде шума на стрмен, непрооден терен. Очевидец го слушнал ударот и ја известил итната помош.

Малиот авион „цирус СР-20“ полетал од Загреб и се претпоставува дека нешто по 15 часот наишол на засега непознати проблеми кои довеле до падот. Како дестинација за слетување бил најавен аеродромот во Салцбург, соопшти полицијата. Телата на загинатите сè уште не се идентификувани.

Постојаниот дожд и стрмниот терен го отежнувале спасувањето кое траело до доцна во ноќта. Во акцијата биле вклучени хеликоптер на брза помош, лекар и три спасувачки возила на Црвениот крст, противпожарни бригади на Св. Андра, Тамсвег и Рамингштајн, планинската спасувачка служба Тамсвег и полицијата.

Прикажи повеќе