Македонски клубови (Македонија ЃП, Шкупи и Шкендија), вечерва ќе ја отворат сезоната во Конференциската лига. Први на теренот ќе истрчаат фудбалерите на Македонија ЃП. Победникот во Купот на Македонија, од 17.30 часот, на теренот во тренинг центарот на ФФМ, ќе ја пречека екипата на РФС Рига од Летонија.

90 минути подоцна, во Литванија, Шкупи ќе игра против Хегелман. Клубот од Чаир ќе игра без еден од своите најдобри играчи. Алжирецот Хамиди поради проблеми со визата нема да игра во Литванија.

Шкендија за прптивник во првото коло го има претставникот на Велс, Хаверфордвест. Шкендија ќе биде домаќин во Скопје, на Националната Арена „Тодор Проески“. Дуелот ќе започне во 20 часот./Makfax/

Прикажи повеќе