Екипата на Македонија Ѓорче Петров по освојувањето на Купот на Македонија објави дека се разделува со Матеус Лемос.

Бразилското крило кое има 24 години настапуваше за „лавовите“ две сезони. Сепак, клубот преку официјалните социјални мрежи ја објави разделбата и му посака среќа на Бразилецот во понатамошната кариера. Лемос пристигна во Ѓорче Петров пред стартот на претходната сезона.

Со клубот двапати беше шампион во Купот на Македонија и забележа еден настап во квалификациите за Конференциската лига, но доби црвен картон против ЦСКА Софија. 24-годишникот за Македонија Ѓорче Петров одигра вкупно 59 натпревари, постигна три погодоци и подели 14 асистенции до соиграчите./Gol.mk

Прикажи повеќе