Македонија поради тоа што се најде во најслабата четворка на земји во Европа наместо досегашните четири екипи, шампионот, вториот и третиот од првенството и победникот на Купот, во идната проширена сезона по нов формат во европските клубови, ќе има само три клуба.

УЕФА и официјално ова го потврди со објавениот пријавен лист за сезоната 2024/25, во која Македонија ќе ја претставуваат само новиот првак, вицешампионот и победникот на Купот или третопласираниот ако куп-трофејот го освои некој од првите два тима во претстојната сезона. Добра вест за шампионот е што нема да игра претквалификации зашто УЕФА ја укина оваа рунда, па ќе стартува од првото квалификациско коло како и досега.

Покрај Македонија, само со три клуба во идната сезона во Европа ќе бидат Сан Марино, Црна Гора, Андора и Гибралтар. /Sport 1.mk/

Прикажи повеќе