Фудбалската репрезентација на Македонија падна три позиции на ФИФА-листата. Ова е плод на двата пораз во квалификациите за ЕВРО 2024.

„Црвено-жолтите“ загубија дома од Украина со 2-3, а потоа доживеаја дебакл на гости против Англија на „Олд Трафорд“. Светскиот првак Аргентина е првопласирана на ранг-листата на ФИФА, потоа следат селекциите на Франција и на Бразил, а четвртопласирана е Англија.

Во Топ 10 се и селекциите на Белгија, Хрватска, Холандија, Италија, Португалија и на Шпанија./Makfudbal/

Прикажи повеќе