Фудбалската репрезентација на Македонија и понатаму се наоѓа на 68. место на ФИФА листата и покрај двата порази во јунскиот квалификациски циклус.

Селекцијата на Благоја Милевски загуби на домашен терен од Украина со 2-3, а потоа доживеа убедлив пораз од Англија (7-0) на „Олд Трафорд“.

Светскиот првак Аргентина ја предводи ФИФА листата, пред Франција и Бразил, а во првата „десетка“ се и селекциите на Англија, Белгија, Хрватска, Холандија, Италија, Португалија и на Шпанија.

Прикажи повеќе