Македонската фудбалска репрезентација загуби на арената „Тодор Проески“ од Украина со 2:3 во меч од второто коло во квалификациите за Европското првенсво 2024 година. Македонија може да жали затоа што на полувремето водеше со 2:0, а на крајот загуби.

Две сосема различни полувремиња одиграа Црвено-жолтите. Во првиот дел доминираа, создаваа шанси, изведуваа корнери и тоа резултираше со два погодоци. Најпрво Енис Барди погоди од пенал во 31 минута.
Добрата игра на Македонија бешекрунисана со прекрасниот погодок на Елиф Елмас, кој погоди со шут од преку 20 метри. Погодокот на Елмас може да го видите ТУКА. Украиинците немаа ниту една шанса во првите 45 минути, па Македонија заслужено водеше со 2:0.

Во вториот дел сосема поинаква слика на теренот. Украина беше таа која што реши да нападне. Гостите едноставно немаа што да загубат, а на крајот многу добија. Кобен беше периодот од 62 до 68 минута за Македонија кога Украина постигна два гола и израмни на 2:2.

Дополнителен проблем за Македонија беше црвениот картон (втор жолт) на Висар Муслиу во 73 минута. Украинците ја искористија предноста од фудбалер повеќе на теренот и во 83 минута преку Циганчев направија целосен пресврт за 3:2, што на крајот се покажа и како конечен резултат. Овој погодок може да го видите ТУКА.
За Украина ова е прва победа во овие квалификации, а Македонија сега има една победа (над Малта) и овој пораз од Украина. /24info.mk

Прикажи повеќе