Изненадувачки лоши вести за македонското борење доаѓаат од Загреб каде се одржува Европското првенство. Тројцата наши претставници Магомедов, Вејсели и Нуров не успеаја да влезат во потесниот круг за освојување на медал.

Advertisements

Ахмад Могамедов кој ја претставува Македонија во категоријата до 79 килограми успешно стартуваше со убедлив триумф од 8-0 против Станислав Новак од Молдавија но во четврфиналето беше поразен на поени со 5-3 од Коугимцидис од Грција.

Несреќен пораз во квалификациите доживеа Фати Вејсели во категоријата до 70 килограми. Иако македонскиот репрезентативец водеше со  високи 9-2 против Патрик Оленцин од Полска но во финишот ја загуби концентрацијата и дозволи противникот да слави со 11-9.

Последен во категоријата до 97 килограми се претстави Могамедгаџи Нуров, но ги заврши натпреварите во осминафиналето, каде на поени со 5-2 беше совладан од Полјакот Барновски./Gol.mk/

Прикажи повеќе