Новак Ѓоковиќ не ги прекршил правилата или пак ги заобиколил за да измами некого, а притоа да настапи на Австралија Опен, ова е заклучокот откако беше обелоденет документот кој го добиле сите потенцијални учесници на Австралија Опен, од Тениската асоцијација на Австралија.

Според тамошните медиуми, Тениската Асоцијација на Австралија ги известила сите потенцијални учесници дека може да добија медицински исклучок и без да бидат вакцинирани да настапат на турнирот во случај да го прележале Ковид-19 во последните шест месеци.

Ѓоковиќ го искористил ова право откако добил писмо на 7 декември со објаснување на правилникот за пријавување.

Проблемот е во лошата комуникација на Властите од Австралија и тамошната тениска асоцијација, поточно најавата во ноември дека прележувањето на вирусот нема да може да се користи за медицински исклучок, нешто што не им било кажано на тенисерите.

Откако настана неверојатен хаос по однос на учеството на Ѓоковиќ на АО, одбивањето на визата е конечна одлука, но можно е ново соломонско решение.