реклама

60 дена престој на неонатална интензивна нега

На Одделот за неонатална интензивна нега Лис беше примен со тежина од 1100 грама, а родителите Шкурте и Риад со нетрпение, огромна среќа и возбуда го дочекаа моментот за да си заминат дома со малиот борец по 60 дена поминати на Одделот за неонатална интензивна нега. Тие велат дека се неизмерно благодарни за грижата, посветеноста и професионалниот пристап на доц. д-р Алулоска, лекарите и сестрите од Одделот за неонатална интензивна нега.

„Иако родено 14 недели пред терминот, новороденото стабилно се развиваше од ден на ден. Лис овде научи многу работи, да дише самостојно,  да се храни со шише. Научи да нѐ погледне кога му зборуваме или го галиме. Дури и да им се насмевне на сестрите или докторите од одделот. Лис го напушти нашиот оддел како прекрасно, мирно, здраво момче тешко 2 килограми“, вели д-р Најдановска-Алулоска.

Малечкиот Лис е уште еден член на бројното NICU-семејство, а д-р Алулоска додаде дека неговиот раст и развој отсега натаму ќе го следат во амбуланта и ќе се радуваат на секој негов успех, заедно со неговите родители.

реклама