Пленарната седница во Парламентот на Албанија уште еднаш почна и заврши со тензии што ги создадоа пратениците од опозицијата. Бучава, викање, разфрлани лажни евра низ салата и навивачки огнови на говорницата.

Надвор од Собранието, опозицискиот пратеник Фламур Нока фрлаше брашно кон обезбедувањето на Парламентот кои не му дозволија да влезе во салата. Истураше и брашно во вид на линии кокаин по скалите на Собранието.

„Кого го претставуваме? Ние го претставуваме опозицискиот народ. Народот од опозиција не смее да остварува никакво право? Ни ги ускратија нашите права. Ни го негираа зборот. Уставните права се забранети. Се обидоа да ја згазат опозицијата, да ја уништат опозицијата“, вели Нока.

Но, среде хаосот и викањето, мнозинството ги изгласа законите на дневниот ред. По завршувањето на пленарната седница, која повторно траеше само неколку минути, опозицијата фрлаше јајца кон некои службени владини возила.

Џесика Салахи

Прикажи повеќе