По само неколку седмици од завршувањето на Ф4 турнирот во женската Лига на шампиони, познати се групите за новата сезона во елитното натпреварување.

Денес, во Виена се одржа ждрепката за првата фаза во Лигата на шампионите, која донесе две супер возбудливи групи и нов двомеч меѓу ланските финалисти, ФТЦ и Вајперс Кристиансан.

ГРУПА А:

ЦСМ Букурешт, Ѓер, Оденсе, Брест Бретањ, Битигхајм, Будуќност, Савехоф, Дебрецин

ГРУПА Б:

Мец, Есбјерг, Вајперс Кристијансанд, Рапид Букурешт, Ференцварош, Крим, Заглебје, Икаст