Според британските медиуми, ѕвездата на Јувентус, Паoло Дибала е првиот играч за кој Ливерпул ќе се обиде да го донесе на ,,Енфиллд Роуд,, доколку Роберто Фирмино се одлучи да го напушти клубот. Дибала беше дел од Палермо пред да премине во Јувентус во 2015 година, каде оттогаш запиша 157 гола на 277 натпревари.

Последниве недели Дибала постојано се поврзуваше со трансфер во Ливерпул, од каде се очекува дека во текот на летоте да тргне по аргентиската звезда во текот на летото.

Според „TuttoMercatoweb“, Ливерпул постојано ја следи ситуацијата на Дибала, бидејќи својата иднина ја планира без напаѓачот Роберто Фирмино.

Тренерот на „црвените“, Јирген Клоп е голем фан на ѕвездата на Јувентус, и посакува трансфер на напаѓачот на ,,Старата Дама,,  доколку бразилецот си замине од ,,Анфилд,,.