Јувентус доби нов спортски директор откако вчера на функцијата беше назначен Кристијано Џунтоли, кој досега раководеше со играчкиот кадар во шампионот Наполи.

Џунтоли веднаш почна со „чистката“ во тимот, а прв треба да замине капитенот Леонардо Бонучи, кој не е во плановите на Масимилијано Алегри.

Вестите од Италија велат дека искусниот стопер, кој некогаш играше во тандем со Џорџо Киелини, веќе има нов клуб. 36-годишниот фудбалер има плата од 6,5 милиони евра и затоа Јувентус сака да се ослободи од него. Медиумите на Апенините тврдат дека негов следен клуб ќе биде Њукасл.

Прикажи повеќе