Новиот лек за слабеење „Wegovy“ го намалува ризикот од сериозни проблеми со срцето за 20 отсто, покажуваат податоците од едно големо испитување. Производителот на лекот наведува дека овие информации би биле мошне корисни, пишува Њујорк тајмс.

Првото истражување кое покажало дека еден од новите класи лекови за слабеење може да биде од корист за здравјто на срцето на пациентот го засили научниот консензус дека дебелината носи здравствени ризици како што се мозочен и срцев удар.

Така е поттикната идејата дека лековите за слабеење може да донесат долгорочни здравствени бенефити, освен што им помагаат на пациентите да ослабнат.

Истражувањето вклучувало околу 17 илјади возрасни, со кардиоваскуларни заболувања кои имале прекумерна тежина или биле дебели, било следено дали се зголемува бројот на срцеви удари, мозочни удари и кардиоваскуларна смрт. Утврдено е дека овој лек го намалува ризикот за 20 отсто.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.