Во овој период од годината ретко кој може да се пофали дека не го мачи кивавица, настинка и болка во грлото. Затоа во случај грлото непријатно да ве грепка, еве одлично решение.

Не морате веднаш на првите знаци на настинка да посегнувате по лекови. Доволно е во чаша топла вода да ставите една лажичка сол и со тоа да ја исплакнете устата и грлото.

Плакнете ја устата, правете гаргара по неколку пати, со цел да го исплакнете целосно и грлото. Голтнете некој дел од напитокот доколку можете.

Применете ја оваа метода два до три пати во денот, веднаш ќе почувствувате дека болката во грлото се намалува.