30-годишниот лев бек на албански Билиш, Ванѓел Згуро ќе биде ново засилување за шампионот Струга ТЛ. Стружани се во завршни разговори за комплетирање на трансферот на Згуро, кој го заврши договорот со Билиш по завршувањето на актуелната сезона и како слободен играч ќе се пресели во дресот на македонскиот шампион.

Искусниот албански фудбалер досега има интернационално искуство низ неколку клубови во САД од каде минатата сезона се врати во Албанија и заигра за Скендербег, па потоа и за екипата на Билиш./Sportmedia/

Прикажи повеќе