Селекторот на полската репрезентација Паоло Соуса се најде на удар на тамошната јавност откако ја напушти репрезентацијата, а неговиот потег го шокира Роберт Левандовски.

Соуса доби понуда да биде тренер во бразилскиот гигант Фламенго и ќе ја напушти репрезентацијата на Полска и тоа непосредно пред баражот за пласман на Светското првенство во Катар.

Дека заминувањето на Соуса од кормилото на Полска би било шок, потврди и портпаролот во полската репрезентација, Моника Бондарович, која пренесе изјава на Левандовски.

„Ова е нешто што не го очекуваше сигурно ни Роберт, ни никој друг од јавноста. Роберт Левандовски е шокиран и разочаран поради постапката на тренерот Суса“, порача портпаролот.

Полскиот дневен спортски весник Przegląd Sportowy на насловната страница го опиша Соуса како дезертер.