Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс се искачи на врвот на листата по поени во историјата на НБА-натпреварите играни на Божик.

Во натпреварот од регуларниот дел од сезоната против Бруклин (115:122) одигран ноќеска, Леброн постигна 39 поени и стигна до 422 со што го надмина поранешниот член на Лејкерс, Коби Брајант, кој кариерата ја заврши со 395 поени на неговите натпревари за Божик.

Натпреварот против Бруклин за Џејмс беше 16-ти во кариерата на католичкиот празник.

По Џејмс и Брајант на вечната листа следуваат Оскар Робертсон со 377, Двејн Вејд со 314, Кевин Дурант со 299, Шекил Онил со 272 поена… (МИА)