Лејкерси во трилер натпревар ја победија Минесота, додека Атланта успеа да го изненади Мајами. Лејкерси успеаја да ја совладаат Минесота иако губеа во текот на целиот натпревар. Драматично беше во самиот финиш, кога Шрудер погоди тројка на 1,4 секунди до крајот за 98:95, но Конли беше фаулиран при шут за три поени на 0,1 секунда до крајот. Искусниот бек ги погоди сите три пати и го испрати мечот во продолжение. На крајот Лејкерси славеа победа 108:102.

Advertisements

Шрeдер постигна 21 поен, Леброн Џејмс забела 30 поени, 10 скока и шест асистенции, дабл-дабл оствари и Ентони Дејвис со 24 поени и 15 скока. Дабл-дабл учинок во гостинскиот тим забележа Карл-Ентони Таунс со 24 поени и 11 скока, Мајк Конли додаде поен помалку, Торин Принс постигна 14 поени, а Кајл Андерсон оствари дабл-дабл со 12 поени и 13 асистенции.

Лејкерси од седмото место во Западната конференција одат во плеј-офот каде ги чека екипата на Мемфис. Минесота во битката за осмото место ќе игра со победникот од пресметката меѓу Њу Орлеанс и Оклахома. Осмата екипа на Запад игра со Денвер во првото коло од плеј-офот.

Атланта Хокс славеа победа во Мајами 116:105. Хокс победникот го решија во првото полувреме кога стекнаа предност од 24 поени. Најефикасен во тимот на Атланта беше Треј Јанг со 25 поени, осум скока и седум асистенции. Го следеа Мареј со 18, Беј со 17 и Богдан Богдановиќ со 14 поени.

Кајри Лаури со 33 и Тајлер Хиро со 26 беа најдобри кај домаќините, но тоа не беше доволно да ги запре мотивираните Хокс. Атланта во плеј-офот ќе игра прoтив Бостон Селтикс.