Ракометната репрезентација на Македонија го одработува првиот собир во пресрет на Европското првенство 2022 кое ќе се одржи во јануари во Унгарија и Словачка. Притоа неделата на ЕХФ нашите репрезентативци ќе ја искористат да одработат контролни дуели со полуфиналистот од Олимписките игри, Египет.

Пред медиумите збруваше селекторот Кирил Лазаров кој вели дека има јасен план за тоа што следи.

Кога разговарав со Парондо рече дека сака нешто да проба, но сега имам информација дека ги повика сите интернационалци. И со него се случи непланирано да се најде на тренерската позиција во Мелзунген и да му дозволат. Имаше и двојба. Можеше и да замине, но се одлучи да ги води на Купот на Африка. Му се заменија концепциите бидејќи води и клуб и потешко е да комбинира. Немаме разговарано околу тоа дали ќе има линк или ќе биде од затворен тип. Деновиве ќе разговараме“

Притоа селекторот говореше и за вчерашната сензација во Супер-лигата каде Еурофарм Пелистер 2 го совлада актуелниот шампион Вардар.

„Ме радува многу и допрва ќе ме радува. Проекти како Еурофарм Пелистер 2, Алкалоид…Треба да се пофали одлуката да ги внесат Вардар и Еурофарм Пелистер во домашно првенство. Доколку не беше така немаше да го имаме она што се случи вчера и да го имаме ова задоволство вие како медиуми и јас како селектор и цела Македонија. Ќе останеше Сеха лига каде нема натпревари и само ќе се тренираше. Ова е за пофалба и се виде дека еден аутсајдер може да победи. Тоа е процес. Тие деца загубија од Тиквеш дома, одиграа нерешено против Струга како гости, а сега го победија Вардар. Ме радува, но сум внимателен. Многу е полесно да се работи со професионалци, испфорилирани отколку со младински категории. Многупати сум кажал дека големите репрезентации имаат систем во кој поставуваат големи имиња на селекторски позиции за работа со младинските категориии тоа не е воопшто лесно. Ова се играчи кои имаат осцилации. Сепак, ова од вчера е за радување. Можеме да зборуваме дека Вардар не бил мотивиран, не бил комплетен, но победа е победа и тоа никој не може да го оспори и треба да им се честита“, додава Лазаров.

Селекторот се осврна и кон младите ракометари на кои им порача да бидат подготвени во секој момент бидејќи не се знае кога ќе добијат шанса.

„Не можам да кажам уште сега бидејќи треба да ме убедат и да ми стават до знаење. На ЕП против Словенија, Црна Гора и Данска еден пад може да не чини и натпревар. Треба да бидеме подготвени да ги играме тие натпревари. Мора да сме подготвени. Затоа уфрламе новитети, имаме поширок список, имаме резерви. Мора во секој момент да знаат и да се подготвени да одговорат на потребите. Еве што се случи со Дејан Манасков. Но тоа е дел од спортот. Јасно ни е на сите колку значи Дејан за тимот. Тој е играч кој ќе ја земе топклата и без стратегија и тактика ни придонесува за победа“, смета Лазаров.