Откако корисничка на Тик-ток објави видео и тврдеше дека, наводно, видела вистинска сирена на брегот кај Укунда, Кенија, многумина поверуваа, на социјалните мрежи се појави извесен страв и паника, па потоа реагираше и полицијата.

Извесна Мери Мусиока од Мујзенберг, Јужна Африка, со својата видео снимка собра милиони прегледи, а голем дел од следачите беа убедени дека снимката е веродостојна. Таа потоа објави и ново видео во кое минувачите ја гледаат „сирената“ на брегот.

Друга „инфлуенсерка“ по име „mSkinfluencebymsk“ ѝ се приклучи на приказната, „потврдувајќи“ дека снимката е автентична.

Се разбира, тоа не е веродостојно. По целата ситуација се огласија и кениската и јужноафриканската полиција.

„Полицијата во Мујзенберг нема сознанија за сирени што брановите ги исфрлиле на брегот“, соопшти полицијата во Кенија.