Со Украина имаше договор за прекин на војната, но Борис Џонсон не се согласи и побара продолжување на војната, рече во одговор на новинарско прашање рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, на денешната прес конференција.

„Постоеше договор и тој беше таму, во Истанбул на крајот од мај, по неколку рунди преговори. Три рунди во Белорусија и последната во Истанбул. И беше постигнат договор. Тоа го потврди и еден од учесниците во преговорите, од групата на Зеленски, Давид Рахамја, тој беше дел од делегацијата во Истанбул. Нo,  Борис Џонсон дојде и рече – не, треба да продолжите со војната.“, рече Лавров.

Прикажи повеќе