Германските власти рано утринава ги предупредија жителите во регионот јужно од Берлин да не ги напуштаат своите домови бидејќи диво животно, за кое се верува дека е лавица, е забележана како се шета во југозападниот дел на германската престолнина.

Германските власти трагаат по животното со хеликоптери, а во во акцијата учествуваат и ветеринарни специјалисти и ловџии.

„Ве молиме, избегнувајте да ги напуштате домовите поради избегано диво животно во областа Клајнмахнов, Телтоу и Стансдорф и внесете ги и вашите миленици во домот. Нашите колеги ја проверуваат ситуацијата“, објави локалната полиција во четвртокот наутро, пренесе Си-ен-ен.

Полицијата соопшти дека ја добила пријавата од лица кои го забележале дивото животно во регионот Потсдам во предградието на Берлин. Во моментот кога била забележана, лавицата наводно нападнала дива свиња.

Прикажи повеќе