Косовскиот премиер Албин Курти оцени дека од петте членки на Европската унија (ЕУ) кои не ја признаваат независноста на Косово, Грција е најблиску до промена на нејзината одлука, објави приштинскиот портал „Репортери.нет“.

Курти во интервју за полската ТВ „Пи Ворлд“ нагласи дека Косово во последните години постигна дипломатски напредок во комуникацијата и соработката со меѓународната заедница, особено со Грција, која е блиску до признавање на независноста.

Желбата на Косово за влез во ЕУ не е мотивирана само од сопствените интереси, туку затоа што земјата би сакала да придонесе за Унијата, која е најважниот политички мировен проект од Втората светска војна, го цитира приштинскиот портал Курти.

Прикажи повеќе