Утре ќе се одигра јубилејното 30 финале во Купот на Македонија. Македонија ЃП трофејот ќе го брани против шампионот Струга Трим Љум. Македонија ќе се бори за својот трет трофеј во Купот, а Струга ќе се обиде историската сезона да ја заврши со двојната круна.

„Овие играчи се искусни, имаме група од играчи помеѓу 25 и 35 години, тие истите минатата година се носеа со притисокот и можеби имаме предност. Ова е прво финале за Струга, но тие имаат искусни играчи со многу вакви натпревари во нозете. Сепак сметам дека ние како тим сме поискусни. Можеби тие ќе бидат под поголем притисок. Наше е да дадеме максимум, да испочитуваме сѐ и на крај нека победи подобриот“, изјави тренерот на Македонија ЃП, Горан Симов.

Финалето ќе се одигра на стадионот „Петар Милошевски“, во тренинг центарот на ФФМ, со почетокот во 17 часот.

Прикажи повеќе