Ученикот Леонид Петковски од кумановското средно училиште „Наце Буѓони“ освои прво место на националниот МОS (Microsoft Office Specialist) натпревар и ќе ја претставува Македонија на светскиот МОS натпревар, што ќе се одржи во Орландо, Флорида.

Пет години училиштето „Наце Буѓони“ активно учествува на националниот МОS натпревар, а четири години по ред ученици под менторство на професорот Спасиќ освојуваат прво место на националниот МОS натпревар и учествуваат како претставници на државата на светскиот МОS натпревар. Еден од учесниците на претходниот светски натпревар, Филип Насковски освои деветто место.

Општина Куманово петта година финансиски го поддржува овој проект и неодамна организираше прием за учесниците на овој натпревар.

Извор: МИА/Александра Максимовска   Фото: МИА и општина Куманово

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.