Филип Кузмановски ќе биде еден од главните играчи во бековската линија на Македонија на ЕП 2022.

„Јас последен се приклучив бидејќи Бундес-лигата заврши на 28 декември. Гледав максимално да бидам присутен што поскоро со репрезентацијата бидејќи знам дека се подготвуваме сериозно, како на тактички план, така и со видео-анализа. Среќен сум што сме комплетни, што имаме можност да работиме и да тренираме заедно во пресрет на овој европски шампионат. Пред нас се две средби против Израел, кои ќе ги искористиме за воигрување. Сигурен сум дека ќе бидеме подготвени за тој прв меч на ЕП со Словенија, тој натпревар ни е во главата“, изјави Кузмановски.