Од Филип Кузмановски се очекува многу и на Европското првенство, а пред стартот на ЕП тој ги изнесе своите очекувања.

„Максимално сме подготвени. Словенија е многу квалитетна репрезентација, ама мора да сме фокусирани на нашата игра. Не значи дека ако загубиме со Словенците ќе се предадеме, затоа максимално се спремивме и дојдовме тука да се надигруваме. Ривалот има квалитетни играчи кои играат во најдобрите клубови во Европа“, изјави Кузмановски.