Ова е најдобриот период, крајот на октомври – почетокот на ноември за почеток на вакцинација против сезонски грип. Во зимскиот период се очекува поголем број заболени, ние сме точно на време затоа што треба две до четири недели да реагира вакцината, односно да се разбуди имуниот одговор за организмот да биде заштитен, изјави денеска д-р Бесим Зеќири, директор на Центарот за јавно здравје Скопје каде што утринава почна вакцинацијата против сезонски грип.

Во моментов доминира тип А од инфлуенца, рече д-р Александар Петличковски фото: МИА

Вкупно се 60.000 бесплатни дози, плус обезбедени се некои за комерцијална употреба. Во моментов доминира тип А од инфлуенца, појасни Петличковски, одговарајќи на новинарско прашање.

Тој кажа и оти засега има добар одѕив, над 30.000 луѓе пројавиле интерес за вакцинација. Но, Петличковски изрази надеж оти со стартот на сезоната на грип тој број ќе се зголемува.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.