Претседателот на Собранието на Косово, Глаук Коњуфца, е песимист дека ќе биде постигнато решение за Заедницата. Тој вели дека позициите на партиите се дијаметрално спротивни, па не очекува ништо.. Според Коњуфца, она што е можно е да се формира заедница но без да има извршни овластувања,што е неприфатливо за Србија. Тој за Косовапрес нагласува дека проблемите не можат да се решат со условување на враќање на Србите во институциите со формирање на Заедницата. На состанокот на Курти и Вучиќ во Брисел на 2 мај, беше презентиран нацрт-статутот на Здружението. Високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел, рече дека нацрт- статутот за Здружението не е конечен, туку ќе биде појдовна точка за понатамошни разговори.

„Она што е можно за Косово и што се црвени линии на Косово, тие се неприфатливи за Србија. Затоа позициите се толку далечни и тешко прифатливи. Затоа, јас не очекувам ништо без промена на Србија во однос на нејзина демократизација. Се додека Србија е хегемонистичка и во координација со политиката од времето на Милошевиќ од 90-тите, јас не очекувам решение со Србија. Договор со Србија се прави кога Србија ќе почне да се менува, а не со оваа актуелна Србија… “, рече Коњуфца.

Прикажи повеќе