Нови снимки ги преплавија медиумите во Косово и ширум светот, снимени со дрон од косовската полиција. Најнови се сликите на кои се гледа вооружената група од најмалку 11 лица, од кои еден е повреден.

Снимањето е направено со дрон, а луѓето се стуткани до ѕидовите. На нив се гледа и Милан Радоичиќ, потпретседател на српската листа, како разговара на телефон. Косовската полиција изгледа имала целосна контрола врз групата, не само со дронови, снајперисти, туку најверојатно и ги прислушувала, но овие детали се уште не се објавени.

Радоичиќ, кој се појавува на видеото, е обвинет за убиство на политичарот Оливер Ивановиќ во 2018 година, а за неговите криминални активности е ставен на американската и британската црна листа.

Во меѓувреме, на снимките што вчера вечерта ги објави косовската полиција, се гледа и околината на манастирот и заминувањето на групата која се обидува да се искачи на падините на Бањска.

Дел од безбедносните експерти велат дека овој тактички потег на косовската полиција бил со цел да се избегне поголемо крвопролевање во манастирот. Снимката со дрон покажува дека најмалку 28 луѓе го напуштаат манастирот во групи. Се смета дека овој коридор е со цел да се избегнат поголем број жртви или ескалација на ситуацијата.

Полицијата заплени широки арсенал на запленето оружје, додека тројцата српски криминалци денеска се појавија пред судот на Република Косово со кривично дело тероризам и им беше одреден 1месечен притвор. Во антитерористичката акција на северот косовската полиција уби петмина, тројца се повредени, а уште 6 други ранети, според косовските власти, се на лекување во Нови Пазар. Се тврди дека повреден е и Милан Радоичиќ, кој се сомнева дека се лекувал во воената болница во Белград.

Адриан Керими