Утре, (17.12.2023), на хелиодромот на Општа болница Битола, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, заедно со министерот за здравство, Фатмир Меџити, заменик министерката за здравство, Маја Манолева, како и директорот на Градска Општа болница „8-ми септември”, Христијан Костов, ќе присуствуваат на презентација на хеликоптерот со новата опрема за итна медицинска помош, најавува МВР.

Инаку, идејата за медицински хеликоптер во Македонија е од поодамна, а во 2019 година во Градската општа болница „8 Септември“ беше ставен во функција хелиодромот што се наоѓа на само неколку метри од главниот влез на болницата.

Директорот Христијан Костов тогаш беше во интензивни преговори и за набавка на целосно опремен хелихоптер за потребите на болницата со кој за најмногу 30 минути ќе може да се транспортира пациент од кој било крај на земјата.

„За само половина час може да биде транспортиран пациент до нашата установа од кој било крај на земјата, а за тој период ќе му биде пружена соодветната помош и интервенција доколку тоа е неопходно“, рече пред четири години директорот Костов.

Градската општа болница „8 Септември“ требаше да биде првата државна медицинска установа со сопствен медикоптер и хелиодром. До сега хелиодром поседуваше само Клиничкиот центар, но без сопствен хеликоптер за транспорт на пациенти.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.