Подготвува ли подароци за Божиќ или само сака да се ослободи од дрвјата во градината кои со години ја мачат? Ова се прашањата што си ги поставија корисниците на Редит откако беше објавено видео од жена која се обидува да украде моторна пила.

Имено, на видеото се гледа како жена зема моторна пила во продавница за која очигледно нема намера да плати.

Она што особено ми го привлече вниманието беше каде ја сокри моторната пила.

Таа се бореше додека ја ставаше пилата во панталоните, а другиот дел, поголемиот, го сокри под јакната. Во еден момент таа дури мораше да ја остави чантата и работите што ги носеше во раце, а кога безбедно ја стави пилата, излезе од продавницата. Но, со оглед на тоа како изгледала, се сомневаме дека излегла со пленот.