Јапонскиот премиер Фумио Кишида денеска најави дека лидерите на земјите од Г7 на состанокот во мај во Хирошима ќе разговараат и за системот за вештачка интелигенција ChatGPT.

Advertisements

За време на состанок со уредниците на јапонските регионални весници, Кишида рече дека „неопходно е да се создадат меѓународни правила“ за употреба на системи за вештачка интелигенција (AI).

Членовите на Европскиот парламент оваа недела ги повикаа светските лидери да организираат самит за контрола на развојот на системи за вештачка интелигенција.

Прикажи повеќе