Кипар од денеска ги укинува сертификатите за влез во продавниците и трговските центри, како и мерките за патување, односно задолжителното пополнување електронска форма за лоцирање патници (Cyprus Flight Pass) непосредно пред патувањето и категоризација на земјите согласно епидемиолошката слика, јави МИА од Атина.

Влез на островот е дозволен за сите што имаат валиден европски сертификат за вакцинација или прележана болест или негативен резултат од ПЦР/рапид-тест, а конкретните правила важат и за државјаните на Северна Македонија.

Времетраењето на сертификатите е идентично како и во Европската Унија, сертификатот за вакцинација не смее да биде постар од девет месеци по примената втора доза и без ограничувања со примена засилувачка доза, за прележан ковид-19 важи 180 дена, а доколку се патува со негативен резултат, ПЦР-тестот треба да биде до 72 часа, а рапид-тестот до 24 часа пред патувањето.

Туристите што ги имаат потребните документи нема да бидат тестирани при пристигнувањето, меѓутоа, можно е на аеродромите да се прават тестирања по случаен избор.

Прикажи повеќе