Лидерите на Европската Унија денеска ќе одржат виртуелен самит со кинеските лидери, со цел да побараат гаранции од Пекинг оти нема да ѝ помогне на Русија во однос на испорака на оружје ниту, пак, во заобиколувањето на економските санкции што Западот ѝ ги наметна на Русија поради инвазија врз Украина.

Главната тема на виртуелниот самит меѓу Кина и ЕУ ќе биде ситуацијата во Украина.

Во пресрет на самитот, шефицата на Европската комисија Урсула фон дер Лајен рече дека каква било поддршка од Пекинг за Русија за нападот врз Украина сериозно ќе го наруши угледот на Кина во Европа.

Во меѓувреме, Кина излезе со став оти ја задржува неутралноста по однос на украинската криза.

„Што се однесува до Украина, Кина се придржува до независна мирољубива надворешна политика и носи сопствени одлуки врз основа на факти“, рече портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Жао Лиџијан.

Прикажи повеќе