Реал Мадрид не се откажува од намерата да го купи напаѓачот на Пари Сен Жермен и француски репрезентативец Килијан Мбапе. Новинарот на „Mарка“, Карлос Карпио,, откри дека 24. годишниот фудбалер ќе биде главната трансфер цел на шпанскиот гигант во 2024 година.

На „Сантијаго Бернабеу“ не веруваат дека раководството на францускиот првак ќе се согласи да го продаде Мбапе оваа година и затоа нема ни да испраќа понуди летово, за да се избегне можноста за ново одбивање. Тоа, пак, ќе му овозможи на Реал целосно да се фокусира на доведување на Џуд Белингем од Борусија Дортмунд.

Мбапе минатата година можеше да се пресели во таборот на Реал Мадрид, но во последен момент го продолжи договорот со ПСЖ кој е со важност до летото 2025. Напаѓачот оваа сезона одигра 40 натпревари во сите натпреварувања, постигна 38 голови и забележа девет асистенции

Прикажи повеќе