Тимот на Јувентус оствари драматична победа на вчерашната средба против Рома во Рим, но оваа победа „старата дама“ може скапо да ја плати затоа што на подолг период може да остане без Федерико Киеза.

Офанзивецот се повреди на вчерашниот натпревар и медиумите во Италија веќе информираат, шпекулираат дека оваа сезона за него може и да е завршена. Најдобар доказ дека ситуацијата е сериозна говори тоа што Киеза со помош на помагала или поточно со штаки дојде на деталните медицински прегледи кои ги заврши по еден час.

Ако се остварат најавите тоа ќе биде тежок удар за Јувентус.