Девет лица се водат како исчезнати во лизгање на земјиштето и поплави предизвикани од обилните дождови во провинцијата Хубеи, соопштија денеска кинеските власти.

Пет лица се спасени од урнатините на градилиште во близина на автопатот во Хубеи. Агенцијата АП јавува дека илјадници луѓе се преместени во засолништа поради поплавите во северна, централна и југоисточна Кина.

Поплавите предизвикани од сезонските дождови се редовна појава во Кина, но оваа година порастот на нивото на водата беше проследен со невообичаено долг бран високи температури.

На почетокот на неделата во Пекинг се регистрирани температури над 35 Целзиусови степени деветти последователен ден, што е прв пат од 1961 година.

Прикажи повеќе