Турција и Грција ги зафати снежно невреме. Градоначалникот на Истанбул Екрем Имамоглу изјави дека во некои делови од најнаселениот град во Турција се измерени 85 сантиметри снег и дека многу патишта се затворени поради обилниот снег. Исто така, затворен е и аеродромот поради обилните снежни врнежи.
Имамоглу ги следеше активностите на АКОМ, Центарот за координација при катастрофи, и ги опиша снежните врнежи што го погодија Истанбул како „катастрофални“.

„Во некои делови на Арнавуткој, Башакшехир и Султангази измерени се длабочини на снег од 80 до 85 сантиметри. На југ тој паѓа на 50 до 60 сантиметри“, додаде градоначалникот, додавајќи дека вложуваат интензивни напори секоја минута  да бидат со своите граѓани, тие се во многу тешка ситуација“ пренесува Ал Џезира.

Снегот го покри и грчкиот главен град Атина и создаде проблеми со воздушниот сообраќај на автопатот Атика Одос, обиколница околу Атина што ја поврзува со аеродромот и во моментов има стотици заробени возила.
Спасувачките тимови цела ноќ се мачеа да ослободат стотици возачи откако невремето Елпида ја погоди Грција, а копнените сили со тешка механизација учествуваа во спасувачката операција.

Запрен е и железничкиот и автобускиот сообраќај, а затворени се и станиците за вакцинација против Ковид-19 во Атина и на островот Евија. Грчката авиокомпанија AegeanAirlines ги откажа речиси сите летови освен пет, објави Ал Џезира.

Прикажи повеќе