Кандидатот за претседател на Еквадор Фернандо Вилависенсио е убиен за време на предизборен собир, јавија светските медиуми.

Вилависенсио, кој е член на националниот собрание на земјата, како што пренесува Би-би-си, бил застреалан вчера, според локално време, додека го напуштал собирот во северниот град на земјата, Кито.

Член на неговиот предизборен тим за локалните медиуми изјавил дека претседателскиот кандидат бил нападнат додека се качувал во автомобилот. Во тие момент човек се доближил до него и го застрелал во главата.

Локалните медиуми објавија дека биле испукани околу 30 истрели. На видеата објавени на социјалните мрежи се гледа како луѓе трчаат и врескаат додека се слушаат пукотници.

Засега нема прецизни информации колку лица биле вклучени во нападот и убиството на претседателскиот кандидат.

Осомничен за убиството бил застрелан во престрелка со обезбедувањето. Тој подоцна им подлегнал на повредите, сооопштил јавниот обвинител на земјата на социјалните мрежи.