Фудбалската репрезентација на МАкедонија до 21 година доживеа минимален пораз од големиот фаворит Франција на домашен терен со 1-0. Тренерот Драган Канатларовски ја коментираше средбата по завршување на мечот.

„Оваа француска репрезентација се дели од нашата група, не само во група, туку има и еден фонд на фудбалери кои поседуваат еден огромен потенцијал и квалитет и играчи кои играат во најсилните европски лиги. Играат по 90 минути, што, за жал, кај нашите фудбалери не е така и не се во подобар ритам, односно немаат минутажа на натпреварите.  Бевме без двајцата играчи од Австралија, повреден беше и Елези, имавме доста голем хендикеп со нивното отсуство. Примивме еден несреќен гол на наша грешка. Ако издржевме уште малку, ќе имавме можност за контра. Наша определба беше да се надигруваме, ама противникот не ни даде простор. Очигледно, доминацијата е присутна кај Франција ако се видат последните резултати. Но, да не примевме таков несреќен гол, можевме да направиме повеќе. Сепак, мора да се биде реален, да се честита победата на противникот. Ни следи еден период и сигурно е дека ќе се потрудиме да направиме еден тренинг-камп и да биде селективен. Веќе во програмата на ФФМ е да биде веднаш по крајот на првенството во македонската лига каде основна група ќе биде 2002 година. Тука ќе придодадам и фудбалери од 2003 и 2004 година. Имаме потенцијал, но, сепак, ние сме финален производ и не зависиме од секојдневната наша работа, ние го црпиме најдоброто, меѓутоа силата ни е многу малку“, изјави Канатларовски.