Македонскиот тенисер Калин Ивановски ќе биде наш репрезент меѓу играчите на претстојниот турнир Австралијан Опен кој е прв Грен Слем во новата сезона вo тенисот.

Младиот и надежен македонски тенисер ќе биде дел од јуниорскиот настан. Ивановски на листата е осумнаесетти и ја чека ждрепката. Ќе игра директно во главната фаза. Останати играчи од Македонија на овој настан нема да има.

Австралијан Опен во оваа конкуренција ќе се игра од 22 до 29 јануари во Мелбурн. Прв носител на листата на пријавени е Бруно Кузухара од САД, пред Мили Пољичак од Хрватска и Јакуб Менсик од Чешка.