Калин Ивановски вчера го освои фјучерсот во Крамсах и дојде до втората титула во поединечна конкуренција во оваа календарска година. И покрај ова македонскиот тенисер забележа нов пад на АТП-листата, но овој пат само од едно место.

Оваа недела Ивановски ја започнува од 336 место, најдобриот ранкинг во светскиот поредок го оствари пред две недели кога се најде на 331-та позиција.

Што се однесува до врвот, тука нема промени. Карлос Алкараз останува на првото место, но предноста во однос на Новак Ѓоковиќ и оваа недела се стопи. Шпанецот сега има 9,225 поени, додека пак Ноле 8,795./Sportmedia.mk/

Прикажи повеќе